Компанијата RWE Supply & Trading сместена во Есен, има едно од водечките места на европската берза за енергија, и убедливо водечка позиција според големината на канцеларијата од каде се водат берзанските активности. Денес, команијата е лоцирана токму на истото место каде пред 114 години е основана компанијата RWE. Берзата на RWE е сместена во единствена канцеларија со површина од 3.850 m2, што одговара на едно фудбалско игралиште.
Иако во воздухот се чувствува напнатоста и концентрацијата на вработените, сепак атмосферата е смирена, нема нервоза ниту гласни разговори. Во оваа канцеларија годишно се тргуваат 1.177 TWh електрична енергија, 1,1 милијарди јаглеродни сертификати, 376 милијарди m3 природен гас, 562 милиони тони јаглен, 263 милиони барели нафта и 2,5 милиони тони биомаса.
Извор: energetika-net