Насловна / Архитектура / Се продава еден од симболите на Њујорк

Се продава еден од симболите на Њујорк

Облакодерот Крајслер, еден од симболите на Њујорк, е огласен за продажба. Иако цената сеуште не е позната, продажбата на култната зграда го потврдиле малцинскиот состственик, како и агентот за недвижности на CBRE групата на која и е доверена продажбата. „Ова е многу возбудливо, добиваме понуди од целиот свет“ изјавил претставникот на  CBRE групата. Иконата на мегалополисот, уште од 2008 година е во доминантна сопственост на инвестициски фонд од Абу Даби, кој тогаш за удел од 90,2% платил 800 милиони долари.

chrysler1

chrysler2

Облакодерот Крајслер е изграден 1930 година во арт деко стил. Цела година од изградбата објектот бил највисоката зграда во Њујорк, кога титулата ја одзема уште една икона на арт деко стилот од минатиот век – Емпајер Стејт. Облакодерот Крајслер е висок 319,5 метри и има 77 ката. Неговата изградба чинела 20 милиони долари. Во него се вградени 29.961 тони челик, околу  3.826.000 рачно поставени тули и  има 5.000 прозорци.

Облакодерот Крајслер во 2007 година е рангиран на деветото место на листата на најомилени зданија на американската архитектура составена од Американскиот Институт за архитектура.

chrysler3

chrysler4

Испрати коментар

Scroll To Top