Насловна / Вести / Завеса од алги впива јаглерод диоксид и генерира кислород

Завеса од алги впива јаглерод диоксид и генерира кислород

Лондонското проектно биро ecoLogicStudio  им нуди на своите клиенти решенија базирани на заштитата на животната средина, достигнување на идеалот за одржливост во современото доба и озеленување на урбаните средини. Еден од пронајдоците на архитектите, урбанистите и дизајнерите кои работат во ова биро, е т.н „жива завеса“   Photo.Synth.Etica,  осмислена со цел намалување на загадувањето на воздухот.

Photo.Synth.Etica  е фотобиореактор – инкубатор за алги, кој функционира по принципот на фотосинтеза. Како нус производ се добива кислород, а се користи јаглерод диоксид. Прототипот на завесата од алги беше промовиран во ноември минатата година во текот на Конференцијата на климатски иноватори одржана во Даблин. Се состои од 16 модули, направени од биопластика, со широчина од 2 метри и височина од 7 метри, поставени на една од фасадите на Даблинскиот замок. Во нив се вбризгани алги. Во текот на еден час, оваа необична инсталација, “фаќа“ околу еден килограм јаглерод диоксид, што е количина еквивалентна на учинокот на 20 дрвја.  Нејзините предности не застануваат на апсорцијата на штетните гасови од атмосферата!. Во рамките на процесот кој се одвива во Photo.Synth.Etica  настанува и биомаса од која може да се произведе енергија или материјал за модули за завеси со алги. Благодарение на способноста за генерирање и емитување на светлина, ноќе овие алги светат.

algi1

algi2

algi3

algi4

 

Испрати коментар

Scroll To Top