Насловна / Вести / Шпанија престана со експлоатација на јаглен

Шпанија престана со експлоатација на јаглен

Во понеделникот, на 31.12.2018 година, престанаа сите процеси на експлоатација на јаглен во Шпанија, како дел од планот на ЕУ за заштита на животната средина. Во спротивно, државата имаше обврска да врати околу 572 милиони УСД согласно спогодбата со Европската Комисија. Во Шпанија во ноември 2018 биле регистрирани  2.046 рудари, што е голем пад во однос на регистрираните 51.420 рудари во 1985 година. Дополнително, речиси 90% од јагленот кој изминатав година се користел за производство на електрична енергија во земјата, потекнувал од Колумбија или Русија. Треба да се спомене и шемата за тргување со емисии во ЕУ, според која шпанските компании треба да плаќаат по 22,90 УСД/t CO2  испуштен во околината.  Од 15-те термоцентрали на јаглен кои произведуваат 14% од вкупното производство на електрична енергија во земјата, девет ќе се затворат во рок од година и пол, според плановите кои споствениците на електраните претходно ги имаат доставено до Владата.

coal mine1

coalmine2

Индустријата за јаглен во Шпанија, Германија, и Романија во 2010 година прифати финансиска помош од ЕУ, но под услов сите активности во оваа индустрија да завршат со крајот на 2018.  Така во Германија, на 21.12.2018 беше затворен рудникот  Prosper-Haniel  после 155 години работа. Во Романија, на почетокот на оваа година се затвораат два важни рудници, кои се неконкурентни.

coal mine3

 

Испрати коментар

Scroll To Top