Насловна / Вести / Климатските промени ќе ги убијат тартуфите во Европа

Климатските промени ќе ги убијат тартуфите во Европа

Деликатесните и скапи печурки тартуфи, би можеле да паднат како жртви на климатските промени, открива студијата објавена во научниот часопис  Science of Total Environment, која наведува дека тартуфите можат да исчезнат на подрачјето на јужна Европа, до крајот на векот. За раст на тартуфите кои се ценета состојка од врвните кувари ширум светот, неопходни се оптимални услови. Италија, Прованса во Франција, Шпанија,  и Истра во Хрватска, се најпознатите региони за овој вид печурки, каде се собираат околу 95% од светската понуда на овој деликатес. Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ, кои се автори на споменатата студија, тврдат дека тартуфите ќе исчезнат до крајот на векот бидејќи за нив ќе стане претопло.

truffles1

truffles2

truffles3

Black truffle

Испрати коментар

Scroll To Top