Во местото Крушчица кај Витез во Босна и Херцеговина, после 18 месеци протести, па дури и полициска бруталност врз демонтрантите -жени кои престојувале под шатори, целта е постигната. Имено, овие жени го победија системот и ја сочуваа реката од изградбата на нови мали хидроцентрали. Сите издадени дозволи се повлечени. Приказната за храбрите жени го обиколи светот.
И покрај претрпеното насилство од полицијата, во моментот кога со употреба на сила се тргнати од местото заради обезбедување услови за работа на градежната механизација, тие не се откажале и успеваат да стигнат до правдата која е бавна но сепак достижна. Една од учесничките на протестите вели дека со ова нивната борба не е завршена. Следната нивна цел е укинување на концесиите на постоечките мали хидроцентрали, кои со години се продолжуваат. Исто така, тие велат дека преку својот адвокат ќе бараат одговорност од надлежните кои ги издавале дозволите.
E ova e vistinska borba za zacuvuvanje na lokalnata negibnata prirodna ubavina. Dobar stimul i za nasata provincija za zacuvuvanje na ekologijata vo sopstvenata sredina.