Градежен институт Македонија отвори нова современа лабораторија во Градежен институт Монтенегро во Подгорица, Црна Гора.
Градежен институт Монтенегро е лабораторијата наменета за испитување и контрола на квалитет на градежните материјали и располага со опрема која може да врши испитувања по 86 стандарди – методи. Опремена со најсовремена и модерна техника од последната генерација, комплетирана за сите испитувања кои ќе ја покријат контролата на квалитет на бетон, асфалт и геомехника.
Нашата стратегија е насочена кон постојано инвестирање во нови производи и услуги, целиме да ги задоволиме потребите на домашниот и регионалниот пазарот и да понудиме беспрекорен квалитет. Се надеваме дека Градежен институт Монтенегро ќе придонесе кон зголемување на понудата на врвни услуги како и подигнување на нивото на квалитет на градење во Црна Гора, вели Михо Јаневски, генерален менаџер на Градежен институт Македонија
Стратегијата на Градежен институт Монтенегро е проширување на услугите и во делот на проектирање,стручен надзор, консалтинг и изведување специјалистички градежни работи.
Отворањето на лабораторијата во Црна Гора, воедно претставува обновување на веќе постоечката лабораторија на Градежен институт Македонија која е формирана во далечната 1979 година во Бар. Истата доживува проширување во Подгорица и Котор и делува се до 1992 година.
Градежен институт Македонија е лидер во градежништвото со традиција од 43 години и успешно функционира на домашниот и странскиот пазар.