Новооснованата босанскохерцеговачка авиокомпанија FlyBosnia во саботата на 22.12.2018 го реализираше својот прв лет. Капетанот на авионот Airbas A319, на летот од Софија до Сараево, изјавил дека „летот бил многу емотивен“
Од компанијaта истакнуваат дека во моментот имаат 8 пилоти и 20 стјуардеси и стјуарди, но уверуваат дека во процедура имаат сериозни планови за враќање на кадрите (пилоти и авиомеханичари) кои веќе заминале на работа во други земји.