Насловна / Архитектура / Компанијата Foster+Partners проектант на стадионот за финалето на Катар 2022

Компанијата Foster+Partners проектант на стадионот за финалето на Катар 2022

Катар ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година, а во врска со финалето ги откри плановите за стадионот Lusail со капацитет од 80.000 седишта. Стадионот кој го проектираше компанијата Foster+Partners, ќе биде сместен девет километри северно од централниот дел на  Доха. Овде ќе се одржат првиот и завршниот натпревар на првенството.

1Qatar2022

2Qatar2022

Стадионот има карактеристична златна боја, а како што велат од Qatar Supreme Committee for Delivery & Legacy, проектот упатува на арапската архитектура и на „садови со комплексни детали“. Локацијата не е случајно избрана, бидејќи во местото Лусаил, живеел основачот на Катар, шеикот Ал Тани. Лусаил е седиште на новиот модерен град кој во моментот се гради. По завршувањето на Мундијалот, стадионот ќе биде трансформиран во центар за заедницата. Училиште, здравствена клиника, кафуле и станбени објекти ќе бидат изградени под стадионот, а ќе биде задржан само фудбалскиот терен.

3Qatar2022

 

Foster + Partners  победија на конкурсот за проектирање на објектот уште во 2015 година. Во конкуренција тогаш беа и David Chipperfield, Mossessian & Partners и Mangera Yvars Architects. Стадионот е еден од десетте кои ќе бидат изградени за претстојното Светско првенство. Карактеристични се и стадионот Al Thumama кој е проектиран како традиционална арапаска машка капа, како и стадионот Ras Abu Aboud кој ќе биде направен од транспортни контејнери. Компанијата Zaha Hadid Architects  е автор на еден од стадионите за овој настан. Тоа е стадионот Al Wakrah, кој е веќе во изградба, и кој го има карактеристичниот печат на закривените форми на починатата Заха Хадид.

Al_Wakrah_Stadium-_Precinct_original

 

Испрати коментар

Scroll To Top