Насловна / Вести / Германски BASF со нова постапка за хемиско рециклирање на отпадната пластика

Германски BASF со нова постапка за хемиско рециклирање на отпадната пластика

Германската компанија BASF разви технологија на хемиска рециклажа на пластичниот отпад кој досега бил пален или одлаган на депонии. Отсега, отпадот ќе може да се користи како замена за фосилни горива.

Како што соопштуваат од BASF, благодарение на компанискиот проект ChemCycling, од пластичниот отпад, како мешовитата и неисчистена пластика, со термохемиска обработка ќе се произведуваат синтетички гас или масла. Рециклираните суровини ќе може да се користат во производството како горива, односно ќе можат делумно да ги заменат фосилните горива.

Дополнителнo, BASF во соработка со 10 клиенти од разни индустрии, веќе ги има произведено и првите производи од рециклирана пластика, како на пример, делови за фрижидери и панели за изолација. Од компанијата најавуваат дека како следен чекор планираат производите добиени преку проектот ChemCycling, да ги пласираат на поширокиот пазар.

basf3

UTube_Movie

basf2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top