Република Македонија ја хармонизира својата со легислативата на ЕУ во однос на квалитетот на водата . Агенција за храна и ветеринарство донесе Правилник за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење. Целта е обезбедување на безбедна и чиста вода заради заштита на здравјето на луѓето од несаканите ефекти од контаминација на водата за пиење.
Водата за пиење треба да ги исполнува барања за квалитет во однос на стандарди и посебните барања за безбедност во однос на микробиолошките параметри, хемиски параметри, резидуи од пестициди, индикаторски задолжителни параметри и индикаторски дополнителни параметри .
Дезинфекција на водите за пиење се врши со примена на физички и хемиски средства, со чие дејство се обезбедува водата за пиење да не содржи бактериолошки и биолошки материи штетни по здравјето на луѓето над дозволените граници. Постојана дезинфекција на водата за пиење се врши во сите објекти за водоснабдување.
АДКОМ, Асоцијација на даватели на комунални услуги, заедно со Агенција за храна и ветеринарство, Министерство за здравство-Институт за јавно здравје и другите надлежни министерства ќе организира обуки за да им се помогне на Јавните комунални претпријатија за полесна имплементација на Правилникот.
Обуката ќе се спроведува во текот на 2019 година.