Насловна / Вести / Компанијата Nissan го пушти во погон најголемиот соларен покрив во Холандија

Компанијата Nissan го пушти во погон најголемиот соларен покрив во Холандија

Компанијата Nissan во својата фабрика во Амстердам, го пушти во погон најголемиот соларен покрив во Холандија. Соларниот покрив е инсталиран на објектот на центарот за производство на делови, и содржи речиси 9.000 фотоволтаични панели, со помош на кои на годишно ниво се произведува енергија од обновливи извори доволна за снабдување на 900 домаќинства. Со овој потег значително ќе се намали и јаглеродниот отпечаток на фабриката, односно нејзиното негативно влијание врз животната средина, преку пониска емисија на 1,17 милиони килограми CO2 годишно.  Имајќи во предвид  дека инсталацијата може да задоволи скоро 70% од енергетските потреби на центарот на годишно ниво, овој проект претставува голем чекор во настојувањата на Nissan да го направи своето работење во Eвропа поодржливо.

nisssan3

????????????????????????????????????????????????????????????????

nissan1

 

Испрати коментар

Scroll To Top