Насловна / Вести / Компанијата Boeing ја отвори својата нова фабрика во Кина

Компанијата Boeing ја отвори својата нова фабрика во Кина

Американската компанија Boeing  неодамна ја отвори својата нова фабрика за производство на  авионите 737, и тоа во време на тензичните преговори меѓу Кина и САД во сферата на трговијата.

Со веќе договорена испорака на првиот авион  за Air China, новата фабрика е лоцирана на 290 километри оддалеченост од Шангај. Со овој потег Boeing сака да зграби удел во компетитивниот кинески пазар и да му парира на својот најголем конкурент Airbas. Кинескиот пазар е еден од најбрзорастечките во областа на авиосообраќајот, и претендира да ги престигне САД во следната деценија. Boeing, најголемиот извозник на авиони од САД, има удел од 25% на кинескиот пазар, односно го испорачал секој четврти авион на ова подрачје. Во следните 20 години, оваа компанија планира да испорача 7.700 нови авиони само во Кина.

boeing1

Chinese President Xi shakes hands with Muilenburg, president and CEO of the Boeing Company, after Xi's tour of the Boeing factory in Everett, Washington

boeing3

Испрати коментар

Scroll To Top