Насловна / Вести / Новиот атом на железо може да биде клуч за поефтина соларна енергија

Новиот атом на железо може да биде клуч за поефтина соларна енергија

Новиот атом на железо, може да функционира истовремено и како фотокатализатор за произдодство на гориво, и во соларните ќелии за производство на електрична енергија, заменувајќи ги скапите и ретки метали кои денес се во употреба.

Научниците се во потрага по разни нови и невообичаени извори за производство на енергија, делумно мотивирани и низ академски и истражувачки предизвици, а делумно со цел воспоставување на нови начини на производство на електрична енергија.

Неодамна, научниците открија нов вид на железен атом со ветувачки фотокаталитички особини, кој може да обезбеди големи бенефити и во однос на развојот на соларните ќелии, и во однос на производството на гориво. Секако, ова се очекува да има големо влјание врз индустријата со оглед на достапноста и ниската цена на железото.

Истражувањето е секако добра вест, имајќи ги предвид моќните и непобитните бенефити од соларната енергија, но исто така мора да се обезбедат и соодветни материјали зад оваа технологија кои ќе се вклопат во економски исплатлива и одржлива рамка. Деталите за оваа студија се презентирани во трудот насловен  Luminescence and reactivity of a charge-transfer excited iron complex with nanosecond lifetime, кој е објавен на 29 ноември 2018 во Science journal.

iron2

iron1

 

Испрати коментар

Scroll To Top