„Нашето помнење е нашиот најсилен материјал“ изјави Wallace Chan на еден настан во Њујорк на почеток на месецов.
По обучување за гравер, како тинејџер дизајнерот на накит Wallace Chan почнал да собира и проучува порцелански предмети. Со текот на годините по неговото деби на ценети саеми за уметност како што се Европскиот саем на ликовни уметници (2016.) и Biennale des Antiquaires (2012.), Chan работел на изнаоѓање на издржлив порцелан кој не може да се скрши. Во последните четири децении уметникот од Хонг Конг привлече меѓународно внимание бидејќи беше пионер не само во дизајнирање накит, туку и во материјалите и занаетот.
Неговите предходни пронајдоци вклучуваат динамични поединечни парчиња направени од ултра лесен (но скоро неуништив) титаниум, потоа Vallace Cut, тродимензионална техника на резбарење и вградување на драги камења во накитот без вообичаената техника на метални канџи.
Традиционалниот порцелан е мазен, природно бел и привлечен. Направен е од варијабилна комбинација на колинска глина, порцеланска глина, кварц и алабастер, а често се користи за креирање садови, сервиси за чај и декоративни украси.
Материјалот е стар повеќе од 2.000 години од периодот на кинеската династија Хан. Иако е порцеланот издржлив секогаш имал ограничувања.
Овој месец, после седумгодишно истражување и експериментирање Chan го претсави Wallace Chan Porcelain, нов материјал кој е пет пати појак од челик и во суштина не се крши. Chan, заедно со својот тим научници и инженери во својата работилница во Хонг Конг создал материјал со помош на армирање на порцелан со челик, силициум, циркониј и други состојки кои остануваат мистерија.
Секое од 13. нови дизајнирани парчиња демонстрира нестварна естетика по која е познат Chan, како на пример бисерни обетки или привезок кој изгледа како да содржи ѕвездена галаксија со фузија од сафири, дијаманти и живописен плаво – зелен титаниум.
Новите порцелански парчиња на Chan ќе бидат дел од претстојната самостална изложба Shapeshifter: The Multiverse of Wallace Chan, во куќата Christie’s во Хонг Конг, која за јавноста ќе биде отворена од 14. дo 18. јануари 2019. година. Изложбата ќе прикаже повеќе од 80 креации.