Хрватската електропривреда (ХЕП) објави дека сака да го зголеми производството од обновливи извори на енергија со ревитализација на постоечките хидроцентрали (зголемување на инсталираната моќност), изградба на нови хидроцентрали, како и вложувања во други обновливи извори на енергија. Целта е до 2030 година да се зголеми уделот на обновливите извори во енергетскиот микс од сегашните 35% на 50%. Веќе започнатиот проект на ревитализација на постоечките хидрокапацитети, кој низ повеќе фази треба да финализира во 2028 година, ќе резултира во вкупно 160MW дополнителна инсталирана моќност, што е еднакво на една солидна нова електрана. Во почетна фаза е реализацијата на новата соларна централа Црес, соларната централа Вис, како и два ветропаркови.