Насловна / Вести / Јавниот превоз во Истанбул ќе се плаќа со пластични шишиња

Јавниот превоз во Истанбул ќе се плаќа со пластични шишиња

Истанбулските градски власти спроведуваат пилот-проект кој на корисниците на јавниот превоз им овозможува возниот билет да го плаќаат со рециклирање пластични шишиња, лименки или хартија. Програмата се спроведува преку автомат кој прима пластика, лименки или хартија, а потоа на корисничка картичка уплаќа одреден износ.

istanbul1

Картичката може да се користи во јавниот превоз или во некои други јавни услуги. Автомати досега се поставени на 25 локации низ градот, а до крајот на годината градските власти најавуваат нови 75 автомати.

Еднократно возење со истанбулската подземна железница чини околу 2.60 лири. За едно пластично шише автоматот плаќа околу 0,03 лири, што значи дека за едно возење треба да се уфрлат над 80 шишиња.

Градските власти го почнаа проектот за да го промовираат рециклирањето во Истанбул. Турција е дури 108 на скалата на земји според Енвајронментал перформанс индексот (ЕПИ) за 2018. Овој индекс го иницираше Центарот за еколошко право и политика на универзитетот Јејл за 180 земји во светот да ги рангира според 24 критериуми поврзани со заштитата на околината.

istanbul

Турција годишно произведува 31 милион тони отпад, од кои само 11 отсто се рециклираат.

Испрати коментар

Scroll To Top