Насловна / Вести / Полска не е подготвена да се откаже од јагленот

Полска не е подготвена да се откаже од јагленот

Претседателот на Полска Анджеј Дуда, вели дека неговата земја, која доминантно се потпира на јаглен за производство на електрична енергија, не планира да се откаже од ова фосилно гориво. Претседателот ова го изјави на конференцијата за новинарите пред почетокот на климатската конференција COP24. Конференцијата се одржи во Катовице, во регионот со голем број на рудници за јаглен. Дуда истакнал дека “денес нема планови за откажување од јагленот“ имајќи предвид дека „залихите на Полска на јаглен може да траат 200 години.“

Освен што над 80% од своите потреби за енергија ги обезбедува од јаглен, Полска е сопственик и на најголемата термоцентрала на јаглен  во светот, термоцентралата Belchatow, со инсталирана моќност од 5472MW.

cop24

cop241

cop242

 

Испрати коментар

Scroll To Top