Насловна / Вести / Батеријата на „Тесла“ инсталирана во Австралија оствари заштеди од 40 милиони УСД само во првата година

Батеријата на „Тесла“ инсталирана во Австралија оствари заштеди од 40 милиони УСД само во првата година

Австралискиот проект на компанијата „Тесла“ за поставување на батерија за складирање на енергија со голем капацитет, веќе е глобално препознатлив и претставува поттик за компаниите да го ревидираат традиционалниот пристап во електроенергетската инфраструктура.

За потсетување, минатат година Илон Маск вети дека ќе постави батериски систем со капацитет од 100MW во Јужна Австралија. Она што личеше само на амбициозен план, се претвори во реалност, и тоа многу доходовна реалност.  Со оглед дека се работи за регион кој се соочувал со чести прекини во напојувањето со електрична енергија, со овој систем се обезбедува доволно енергија за 30.000 домови. Сопственикот на овој батериски систем објави соопштение за медиумите, во кое се наведува дека во првата година од раотењето на системот, остварени се заштеди од 40 милиони УСД. Ако се има предвид дека инвестицијата чини 66 милиони УСД, сосема е извесно дека проектот ќе се исплати самиот, дури и пред истекот на втората година во експлоатација.

aust1

aust2

aust3

Испрати коментар

Scroll To Top