Taliesin 1 фотељата инспирирана од оригами, конструирана од едно парче, една е од најпосакуваните парчиња мебел, кои настанале како дело на славниот американски архитект, Френк Лојд Рајт. Тој ова парче го дизајнирал во далечната 1949.година за дневната соба на Taliesin West, својата пустинска куќа и студио во Аризона. Рајт овој имот го развил во подножјето на планината Мекдауел помеѓу 1937. и 1959. година. Тамо му била сместена зимската резиденција и работилница, лабораторијата за дизајн и школата за таленти во подем во полето на архитектурата. Резиденцијата, која добила култен статус, денес има улога на седиште на фондацијата Френк Лојд Рајт.
Повторно претставена од страна на легендарниот милански бренд Cassina во партнерство со фондацијата на славниот архитект, фотељата Taliesin 1 ќе биде произведена во ограничено издание од само 450 парчиња – по 150 во бордо, петролеј зелена и плава боја. Инаку ова е второ реиздание на славната фотеља креирано од страна на Cassina брендот.
„Во почетокот на својата кариера, Рајт креирал парчиња мебел кои се издвојуваат поради својата класична форма и избалансирани пропорции”,вели Barbara Lehman, директор на историскиот архив на брендот Cassina. „Во годините кои следеле, тој се занимавал со истражување на префинети солуции, експериментирајки со далеку покомплексни дизајни“.
Taliesin 1 фотеља со своите аголни компоненти јасно ја илустрира еволуцијата во неговата филозофија на дизајнот – самата фотеља е комплексна геометриска структура која осигурува стабилност. Новото реиздавање само по себе претставува напредок во производството, бидејќи е виткана и пресувана со употреба на најнови технологии. Нејзината цена изнесува 5.500 долари.