Насловна / Вести / Вака изгледа најдолгата велосипедска патека на светот (видео)

Вака изгледа најдолгата велосипедска патека на светот (видео)

Велосипедистите во кинескиот град Сјамен не го делат патот со автомобилите бидејќи се движат над нив.

1
Данското проектантско биро Dissing + Weitling Architecture со проектот за велосипедска патека долга 7,6 километри успеа да обезбеди безбедна велосипедска рута низ пет главни градски станбени подрачја, како и три деловни центри. Велосипедската патека е издигната пет метри над земја, а широка е 4,8 метри, што овозможува голем број велосипедисти да возат едни покрај други.

2
„Возењето со велосипеди станува се попопуларно во кинеските урбани средини, воглавном поради сеприсутната градска гужва. Исто така, поголемиот број граѓани користат велосипеди како превозно средство бидејќи се поздрави за околината, а и за самите велосипедисти“- истакнуваат архитектите од бирото Dissing + Weitling Architecture.

4
Оваа велосипедска рута има 11 пристапни точки, а по нејзиниот цел тек според потребата организирани се пешачки мостови, рампи, обиколници, како и паркинзи за велосипеди, пишува Dezeen.

5
Велосипедската патека настанала како заедничко решение на градските власти и секторот за урбанизам со цел да се намали гужвата во сообраќајот, а при тоа и да се промовираат одржливите видиви превоз во градот.

6

3

7

Испрати коментар

Scroll To Top