Во месец декември 2013 година се издадени 239 одобренија за градба, што е за 13,7 отсто помалку во однос на истиот месец во 2012-та година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.548.401.000 денари што е за 14,1 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 195 или 81,6 отсто се наменети за објекти од високоградба, 21или 8,8 отсто за објекти од нискоградба и 23 односно 9,6 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупно 239 објекти, на 185 или 77,4 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 објекти односно 22,6 отсто инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 336 станови со вкупна корисна површина од 33.017 метри квадратни.