Насловна / Вести / „Жолтите елеци“ победија, но цената е превисока

„Жолтите елеци“ победија, но цената е превисока

Суспензијата на планираните такси за горивото на шест месеци во Франција, ќе чини две милијарди евра, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извори од владата во Париз. Се наведува дека оваа „дупка“ во јавните финансии во целост ќе се  покрие со соодветни намалувања на трошоци во други ставки, со цел да не се пробие дефицитот на планираните 2,8 проценти во буџетот за 2019 година. „Одлуката на француската влада да го суспендира планираното зголемување на цените на горивото, во светло на насилните протести на улиците на Париз, не ги доведува во опасност буџетските обврски“, уверува министерот за финансии.

Изјавата на францускиот министер за финансии следува откако премиерот Едуар Филип објави дека фискалните мерки вклучувајќи ги и таксите за горивото, ќе се одложат за шест месеци, како одговор на протестите на граѓаните. преку т.н движење „жолти елеци“.

gilet jeaune1

gilet jeune2

gilet jeaune3

gilet jeaune4

 

Испрати коментар

Scroll To Top