Во Словачка по завршувањето на Втората светска војна во 1945. година, следуваат четири децении под комунизам и силно влијание на СССР, под кое влијание во Словачка се раѓа специфична постмодернистичка архитектура.
Инспириран од интересните градби, италијанскиот фотограф Stefano Perego ја документирал архитектурата на Словачка во периодот од шеесетите до осумдесетите години на минатиот век.
Тој направил низа фотографии за време на својот повеќемесечен престој во Словачка кои сведочат за креативноста на архитектите на тоа време. Иако оваа архитектура денес делува надминато и премногу наметливо, нема сомнеж дека овие објекти оставаат впечаток на набљудувачот. Пред се се мисли на Споменикот на словачкото востание, архитект Душан Кузма во Банска Бистрица, зградата на словачкото радио во Братислава, зградата на земјоделскиот факултет во Нитра, но и споменикот наречен UFO од Јурај Ховорка од 1979 година кој е прав пример на влијанието на советите, кои во тоа време се натпреварувале со амеркианците во освојувањето на вселената.
Словачка крие бројни архитектонски бисери кои не се само сведоци на историските превирања, туку даваат и продонес на историјата на советската архитектура во источна Европа.
Зградата на словачкото радио во Братислава, архитекти Штефан Светко,Штефан Дуракович и Барнабас Кислинг, 1967-1983
Споменик UFO, Јурај Ховорк, 1979, обновен 2014, Братислава
Споменикот на словачкото востание, архитект Душан Кузма во Банска Бистрица, 1963-1970
Станбена зграда, архитекти Штефан Светко и Јулијан Хаускреч, 1968-1974, Братислава
Земјоделски факултет, архитекти Владимир Дедечек и Рудолф Миновски, 1960-1966, Нитра
Мост на словачкото востание, архитекти А. Теслар, Ј. Лацко и И. Сламен, 1967-1972, Братислава
Фонтана на единството, скулптори Јурај Ховорка, Тибор Бартфај, Катло Лацко, 1979-1980
Технички универзитет, архитекта Владимир Дедечек, 1984, Зволен
Словачка нацинална архива, архитекта Владимир Дедечек, 1976-1983, Братислава
Словачка народна галерија, архитекта Владимир Дедечек, 1967-1979, Братислава
Дом на уметноста, архитекта Фердинад Милучки, 1974-1979, Пјештјани