Хрватска одлучи да гради одлагалиште за радиоактивен отпад во Трговска гора, општина Двор, на самата граница со Босна и Хецеговина. Одлуката е донесена на една од последните седници на Владата на Хрватска, шри што се соопштува дека по сеопфатните безбедносни анализи, оваа локација е планирана за долгорочно складирање на радиоактивниот отпад од електраната Кршко. Исто така познато е дека се работи за површински тип на одлагалиште. Од официјалните лица на БиХ засега нема реакција, но граѓаните кои живеат во близина на овој регион се вознемирани од најавата за реализација на еден ваков проект. На потенцијалните опасности и ризици предупредуваат ис стручњаците. Од друга страна пак, локацијата е во близина на реката Уна (850 метри воздушно растојание) и Парк на природата, а се работи и за сеизмички активно подрачје. „Се работи за отпад со ниска и средна активност. Иако на Хрватска и било понудено Словенија да го згрижува и нејзиниот дел од радиоактивниот отпад, сепак Хрватска се откажала од таа понуда поради високата цена и с еодлучила да гради сопствено складиште. Новото складиште на предметната локација, ќе биде исклучително опасно за целото подрачје, но нашите власти веќе го знаат тоа“ вели неименуван извор од Агенцијата за радиоактивна и нуклеарна сигурност на БиХ. Локалните жители веќе пружаат отпор преку протестни собири и транспаренти на кои не изостанува познатата босанска досетливост.