Кинеското вештачко „Сонце“ на нуклеарен погон достигна температура од 100 милиони степени Целзиусови, што претставува голем напредок во кинеската наука. Во потрaга по чист извор на енергија, кинеските научници дошле до револуционерно откритие, посветено работејќи на развојот на технологијата на фузија. Институтот за физика на плазма, кој е во состав на Кинеската академија на науки, ја тестира оваа направа во облик на прстен со цел да го репродуцираат процесот кој настанува во средиштето на ѕвездите, од кој настанува огромна количина на енергија. Интересно е дека нуклеарната фузија не генерира никаков радиоактивен отпад, така што од аспект на екологијата е исклучително прифатлива.
Научниците се трудат да осмислат сигурен и доверлив начин на производство и создавање услови потребни за нуклеарна фузија која еден ден би можела да обезбеди неограничен извор на „чиста„ енергија.