Насловна / Вести / Србија: Судот забрани изградба на мала хидрцентрала на Стара планина

Србија: Судот забрани изградба на мала хидрцентрала на Стара планина

Врховниот касационен суд ја прифатил жалбата на Министерството за животна средина и ја поништил пресудата на Управниот суд, со што го потврдува решението на Министерството за животна средина со кое се забранува изградбата на малата хидроцентрала „Паклештица’ на реката Височица на Стара планина. Со решението за забрана, утврдено е дека постојат значајни разлики во студијата за оцена на влијаието врз животната средина која ја изработил инвеститорот, и состојбата на теренот, утврдено со надзорот од страна на Заводот за заштита на природата. Како што утврдил Заводот, во студијата не е наведено дека во реката постојат заштитени животински видови, како поточната пастрмка и поточниот рак.  Затоа, одлучено е дека градење нема да има, односно градежна дозвола не смее да биде издадена поради претходно наведените причини.

paklestica1

paklestica2

Членовите на здружението „Да ги одбраниме реките на Стара Планина“ (Одбранимо реке Старе планине), тврдат дека ова не е единствен случај, и дека стручњаците во Ракитска река, каде исто така е планирано да се гради мала хидроцентрала, исто така нашле заштитени животински видови, кои не се споменуваат во студијата за влијанието врз животната средина.

Александар Јовановиќ, активист од ова здружение, вели дека „сега кога случајот „Паклештица“ е затворен, активностите на здружението ќе бидат насочени кон други заштитени подрачја“.  „Сега Ракитска река е нашиот примарен интерес. Нема да застанеме во нaмерата да ги одбраниме нашите реки“, додава Јовановиќ.

paklestica3

paklestica4

 

Испрати коментар

Scroll To Top