Кој вели дека мирни простори не можат да се спојат со железница? Овој пример на библиотека во Калгари, Канада ни зборува дека тоа е можно.
Урбанистите предвиделе новата библиотека во Калгари да биде лоцирана точно над железничка пруга, а реномираното архитектонско биро Snøhetta одговорило со проект кој објектот го позиционира така што главниот влез е подигнат во однос на пругата која поминува низ неговото приземје.
Вакво решение со себе повлекло низа архитектонски детали кои ја прават оваа библиотека посебна.
Терасасто формираната влезна зона им овозможува на посетителите да му пристапат на објектот од повеќе правци, а таквата организација овозможила креирање на многу места за седење, одредени програми и случувања можат да се одвиваат надвор.
Влезниот дел, кој воедно е и портал и мост, ги помирува предходно раздвоените градски четврти, па така преку оваа локација повторно се воспоставуваат визуелни и пешачки комуникации помеѓу нив.
Закривената стаклена фасада местимично е покриена со алуминиумски панели, чии перфорации можат да се читаат на различни начини. Одредени делови можат да се препознаат како форма на отворена книга, други како снегулки, а трети како низа на кубични куќи.
Генералната идеа е преку ваков начин на обликување на фасадата да се изразат целите на библиотеката, односно да се тежнее кон созадавање на простор кој е отворен за сите посетители. Вака обликуваната фасада, закривените форми, овозможуваат сите страни на објектот да изгледаат како да се фронтални.
Кристална, местимично транспарентната фасада го открива централниот елемент на ентериерот, кој е изведен во форма која го следи објектот и кој ги носи вертикалните и хоризонталните комуникации во внатрешноста, а еден некгов крај всушност е настрешница над влезната партија.
При обликувањето користен е црвен кедар кој потекнува од Британска Колумбија. Оваа двоструко закривена дрвена лушпа претставува една од најголемите во светот на слободно закривените структури од дрво.
Атриумот е во форма на „шилеста елипса“ со своите дрвени елементи го одредува движењето во внатрешноста, додека отворените простори се формирани така што бетонската конструкција е потполно изложена.
Палаетата од неколку материјали има за цел на посетителите да им пружи чувство дека библиотеката е простор во кој тие ќе се ангажираат, а не дека е тоа простор само за складиштење на книги.
Ритмичноста на гредите и столбовите, т.е. отворената колонада, служи за собири и меѓусебна интеракција на луѓето.
Просторот на библиотеката проектиран е помеѓу забава и сериозност, па така во приземјето е оргаганизиран пожив програм, а постепено секој нареден кат станува помирен и потивок.
Во приземјето е организирана детска библиотека, занатски и сликовни работилници, но и простори за одржување на литературни програми за најмладите.
Шесте ката на библиотеката омозвожуваат дигитални, групни, но и индивидуални интеракции.
На највисокиот кат сместена е голема читална која со својот ентериер на посетителите им обезбедува интимна атмосфера.
Во најсеверниот дел на библиотеката сместен е просторот наречен Дневен боравок од кој се пружа поглед на возот кој поминува под објектот, но и на поврзувањето на соседствата. Овој простор е изразито светол и активен. Благодарение на своето визуелно решение тој служи како светилник на сите оние кои се надвор, а се во потрага по добра книга.