Насловна / Архитектура / Фотонапонска бетонска фасада која генерира електрична енергија

Фотонапонска бетонска фасада која генерира електрична енергија

Бетонските фасади во скоро време би можеле да ја „фаќаат“ сончевата енергија која би се користела за напојување на тие објекти. Ова би било можно со користење на прототипот на фотоволтаичните облоги кои се развиени од страна на компаниите LafargeHolcim и Heliatek. Производот го комбинира бетонот од коомпанијата LafargeHolcim со горниот слој на  HeliaFilm – флексибилен соларен филм со дебелина од еден милиметар, производ на компанијата Heliatek.

helio1

Неодамна компаниите го тестирале хибридниот производ во рамките на пилот проектот LafargeHolcim Research Center во Лион, а планираат да го пласираат на пазарот во 2019 година.

helio4

Според LafargeHolcimu, овој производ има потенцијал да го удвои производството на енергија, која што зградата може да го постигне со традиционални фотоволтаични покриви, бидејќи фасадите опфаќаат поголема површина.

„Една десетокатница со фасада прекриена 60% со систем за обложување Ductal/HeliaFilm би можела да произведе околу 30% од годишната потрошувачка на енергија”, велат од LafargeHolcim, компанијата која минатата година го претстави прототипот.

„HeliaFilm е активен елемент кој ја трансформира облогата на зградата и ја претвора во мини централа “, додава извршниот директор на компанијата Heliatek Thibaud Le Séguillon. „Ова е пат кон зелена, локализирана струја.”

Со тежина помала од 5% од традиционалниот соларен панел, HeliaFilm е осмислен да се интегрира во градежните материјали преку градежните елементи. Покрај бетонските облоги LafargeHolcim, овој филм може да се користи и со челик и со стакло.

helio3

helio2

Heliatek исто така произведува и сродни производи под името HeliaSol, самостојни печатени соларни филмови кои можат да се користат на постоечките згради, вклучуваќи и транспарентна варијанта. Компаниите досега произвеле 40 квадратни метри од фасадата Ductal/Heliatek, вклучувајќи и 25 квадратни метри во склоп на првиот пилот проект во септември. Уште 200 квадрати ќе бидат изградени во рамките на инсталацијата во почеток на 2019 година.

Овие компании не се единствените кои се обидуваат да ги редизајнираат соларните панели со цел нивно подобро вклопување во околината. Пред две години, Tesla започна со изработка на соларен покрив.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top