Мароканскиот крал Мохамед VI и францускиот претседател Емануел Макрон, ја отворија железничката пруга Тангер – Казабланка, за возови со висока брзина. Пругата е претставена како „најбрза во Африка“, и симбол на долгогодишното партнерство помеѓу Париз и Рабат. Возовите на новата линија која до крајот на ноември треба да започне со превезување на првите патници, би требало за околу 2 часа да го совладуваат растојанието од 350 километри помеѓу двата града.
Според известувањата во медиумите, првиот марокански воз со висока брзина, наречен al-Boraq според крилестиот коњ од исламските народни приказни, веќе го разбранува сообраќајот со обични возови. Од друга страна пак, мароканската државна агенција пренесува дека посетата на Макрон е израз на „длабочината на билатералните односи базирана на цврсто и силно партнерство“.