Насловна / Вести / Мерната станица во Битола повторно ќе го мери загадувањето

Мерната станица во Битола повторно ќе го мери загадувањето

Во Битола почна да работи инструментот за симултано мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и до 2.5 микрометри (PM10/PM2.5). Инструментот е ставен во работен режим во Автоматската мониторинг станица Битола 2. Податоците од извршените мерења се достапни и на веб порталот за квалитет на амбиентен воздух при МЖСПП, односно на http://air.moepp.gov.mk.

mojvozduh

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека во изминатиот период мерењата на PM10/PM2.5 од мерното место Битола 2 беа оневозможени поради комплексен дефект на инструментот во гарантен рок и истиот мораше да се испрати до неговиот производител. По извршеното сервисирање и калибрација истиот е вратен назад на мерното место.

merna stanica

Испрати коментар

Scroll To Top