Од 15 ноември годинава, во Црна Гора веќе е забрането да се увезуваат половни моторни возила кои не го исполнуваат стандардот еуро 4, а новите кои се увезуваат мора да го исполнуваат стандардот еуро 6. Министерството за сообраќај и поморство, ги изработи измените и дополнувањата на Правилникот за технички барања за возилата кои се увезуваат или за прв пат се ставаат на пазарот во Црна Гора, дефинирајќи ги минималните гранични вредности во врска со емисиите на гасови и нивоата на бучава. Надлежното министерство најави дека во наредниот период ќе изработи Студија за старосната структура на возилата по категории и типови, која ќе ги даде основните индикатори за мерките за подновување на возниот парк и воедно зголемување на степенот на безбедност во сообраќајот.
Само во текот на мината година во Црна Гора се увеззени 21.630 автомобили. Од Европа се увезени 14.388 дизел возила. Најчесто се увезуваат возила од Германија, Холандија и Франција, кои исполнуваат еуро 3 норма.