Во организација на Обединетите Нации, на 14ти и 15ти ноември во Египет се одржа конференција на министерско ниво, за инвестирање во биодиверзитетот за доброто на луѓето и планетата. Работата на овогодишната конференција беше фокусирана на инвестициите во инфраструктурата, енергетиката и рударството, што е всушност продолжение на конференцијата одржана во 2016 година во Мексико, кога главни теми беа вложувањата во земјоделството, шумарството и туризмот со цел одржување на биодиверзитетот. Целта на овие активности е реализација на историскиот Пекиншки договор постигнат помеѓу НР Кина и САД, за климатските промени и контрола на глобалното затоплување. Со овој договор, двете земји кои се најголемите загадувачи на планетата со гасови со ефект на стаклена градина, се обврзале дека ќе превземат остри резови во деценијата што претстои, и дека заедно ќе работат на новиот глобален договор.