Десет години по предвидениот рок, кулите сепак ќе бидат изградени – и тоа веднаш спроти концертната сала Волт Дизни, уште еден познат проект на Френк Гери.
Помина цела деценија откако прославениот архитект Френк Гери ги претстави плановите за проектот The Grand (порано познат под име Grand Avenue Project). Првата фаза на работите ќе почне во тек на овој месец во центарот на Лос Анџелос во квартот Банкер Хил на локација веднаш спроти салата Волт Дизни, каде досега беше градски паркинг.
Проектот тежок милијарда долари, замислен е како комбиниран станбено – деловен комплекс со големи јавни површини. Како што пренесуваат светските медиуми, проектирани се две грандиозни кули покрај јавен плоштад, кино, ресторани и комерцијални простори за издавање.
Повисоката од двете кули ќе има 39 ката и предвидена е за домување, а другата 20 ката и ќе биде луксузен хотел.
Концертната сала на Гери, Волт Дизни, завршена е во 2003. година и кулите ќе и станат први комшии. Планирано е компексот да биде завршен 2021. година.