Намалувањето на загадувањето на воздухот од следната година ќе биде стратешки приоритет на Владата.
“На владина седница беше разгледан и усвоен предлогот за план и мерки за утврдување програма за намалување на аерозагадувањето со одлука за измени и дополнување на Одлуката на Владата за утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година“, соопштија од Владата.
За остварување на мерките од оваа програма, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи програмата за намалување на аерозагадувањето во предлогот за Буџетот на Република Македонија за 2019 година.
Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница.