Општина Центар распиша конкурс за изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за објектот „Езерце“ во Градскиот парк.
Жири комисија ќе ги избере најдобрите идејни решенија, на кои ќе им додели прва, втора и трета награда, а ќе бидат откупени и уште пет труда. По завршувањето на постапката, граѓаните ќе можат да ги видат сите пристигнати конкурсни трудови, на изложба која ќе ја организира општина Центар.
„Сегашната грда слика од руинираниот простор во Градскиот парк, ќе ја снема и ќе ја замени убаво уреден хортикултурен простор. Со изградбата на новиот ресторан – Езерце, скопјани и сите добронамерници ќе добијат повторно култно место за дружење и уживање“, велат од општина Центар.