Насловна / Архитектура / Најголема дрвена конструкција во Европа

Најголема дрвена конструкција во Европа

Triptych, Duncan Lewis, Park, и OXO Architects го претставија проектот за најголемата дрвена конструкција во Европа, која ќе се наоѓа во Кото, во јужниот дел на Париз. Објектот со назив Ecotone, ќе биде со мешовита намена и ќе го поврзува градот и пејсажот. Овој проект ќе опфаќа две хибридни височинки со дрвја и големи скалила, во рамките на кои ќе се наоѓаат неколку тераси и отворени градини. Ecotone има за цел да поттикне на повторно размислување за иднината на одржливите градови и изградба на дрвени конструкции.  Инспириран од биомимикријата, проектот ќе вклучува ѕидови кои се отвораат и затвораат во зависност од времето, тенок покрив кој дише и бунар за регулација на температурата. Ecotone ќе се простира на површина од 82.000 квадратни метри и ќе содржи деловни простории, но и станбени секции за сместување на 5000 станари. Проектот опфаќа и хотел, ресторани и спортска сала. Името за овој потфат е изведено од називот за транзицијата помеѓу два екосистеми, кој во биологијата се нарекува „екотон“. Овој централен концепт има за цел изградба на нов интерфејс помеѓу урбаниот развој и природата. Оваа локација има корист од достапноста која ја нуди една метропола – од превоз и содржини, до поврзувањето со здравствените и економски кластери во близината. Архитектонскиот дизајн е инспириран од природата – од птичји гнезда до пчелини кошници.  Во време на глобална еколошка криза, Ecotone има за цел да стане симбол на Париз и симбол на неговата посветеност во решавање на климатските промени.

ecoton1

ecoton2

ecoton3

ecoton5

ecoton6

Испрати коментар

Scroll To Top