Модниот гигант „Луј Витон“ во својата понуда има свеќи кои чинат 163 евра, изгледаат како ташни, а благодарение на каишите можат и да се носат како вистинска ташна.
Луксузниот бренд „Луј Витон“ на 5. ноември пушти во продажба ароматични свеќи. Палетата на миристе ја бирал прочуениот парфемџија Жак Каваје-Белтру.
Секој мирис е инспириран од природата, а свеќата е „спакуван“ во керамички сад за чиј дизајн бил задолжен Марк Њусон.
Секоја свеќа има и каиш светло кафена боја од квалитетна кожа, каква што се наоѓа на прочуените ташни на „Луј Витон“.
Капакот златна боја може да се користи и како тацна за свеќата.
Бидејќи свеќите се идентични, оставено е фитилите да се во различни бои што означува кој мирис ќе ја исполни просторијата по палењето на свеќата.