Интимен однос со пејзажот и поврзување меѓу внатрешните и надворешните простори: ова се главните карактеристики на проектот на бирото Paz Arquitectura, архитект Lucia Caria за куќата La Cabanita опкружена со природа во Гватемала Сити.
Комплексот е изграден околу една мала колиба од 1965 година, покриена со класичен покрив и конзола. 50 години подоцна, проектот се проширува и со други структури кои комуницираат со постојната зграда.
Крововите на двата нови блока всушност имаат ист пад како постојниот, но тие се превртени, стекнувајќи свој идентитет.
Различните делови од куќата не се паралелни еден со друг, за да ја следат топографијата на ридот.
Помеѓу блоковите се оставени некои меѓупростори за да се создадат визури на пејзажот. Транспарентен коридор обединува три волумена, овозможувајќи силна врска со природата.
Материјалите кои се користени за изградба се метал, дрво и стакло. Новите модули, како и постоечката колиба, имаат поширока платформа од основата на покриената површина. Надворешните простори се меѓусебно поврзани еден со друга, за да не се дефинираат одредени патеки и да се овозможи непречена мобилност.