Насловна / Вести / Хрватска: Предлог закон за заштита од светлосното загадување

Хрватска: Предлог закон за заштита од светлосното загадување

Според предлогот на Законот за заштита од светлосно загадување, Хрватска ќе ги задолжи локалните самоуправи, да го заменат јавносто осветлување со ЛЕД, во рок од десет години. Се проценува дека трошоците за замена на јавното осветлување би биле околу 1,2 милијарди куни, а ќе мора да се инвестираат уште околу 3 милијарди куни. Предлогот на законот веќе го има поминато првото собраниско читање, и во моментот се вршат дополнителни консултации. Имено, дополнителните консултации се последица на одговорот на забелешката на проектантите и стручњаците за осветлување. Освен наведеното, законот предвидува и ограничување на декоративната расвета на фасадите, додека на спортските настани осветлувањето ќе биде дозволено само еден час по завршетокот на натпреварот. Ограничувања се предвидени и за светлосните реклами и сл извори на осветлување. Казните ќе бидат помеѓу 10.000 и 25.000 куни за единиците на локалната самоуправа и правните лица, во однос на експлоатацијата на осветлувањето надвор од пропишаното, додека казни до 50.000 куни ќе платат инвеститорите и изведувачите кои ќе вградуваат осветлување спротивно на одредбите во законот.

light polution2light pollution3

light pollution4

light pollution1

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top