Утре, со почеток во 12 часот, во амфитеатарот на Градежниот факулет ќе се одржи предавање за „Геотехниката и хидротехничките објекти“. Свое видување на темата ќе даде професорот Ахмет Сагламер од Техничкиот универзитет во Истанбул. Исто така ќе бидат прикажани некои од геотехнички проблеми кои се сретнуваат при изградбата на хидротехничките конструкции, после што ќе се пренесат предизвиците и искуствата стекнати во изминатата деценија при изградбата на бројни мали хидроцентрали во Турција.
Предавањето се организира на точно пет месеци од 16-тата Подунавско-европска конференција за геотехника, а организатор е Друштвото за геотехника на Македонија.