Насловна / Архитектура / Проектот за реконструкција на кејот во Охрид во финална фаза

Проектот за реконструкција на кејот во Охрид во финална фаза

Во Општина Охрид, се одржа јавна расправа за проектот за реконструкција на кејот “Македонија“. Средствата во висина од 1,2 милиони евра ќе бидат обезбедени преку Светска банка и од буџетот на Општина Охрид за оваа намена.
„Проектот моментално е во финална фаза, обезбедени се сите неопходни согласности од надлежните институции, изготвен е и елаборат за заштита на животната средина со стратешка оценка за влијанието на проектот врз околината. Стигнати сме до фазата на одобрение од Министерството за транспорт и врски, кое очекуваме во наредните десет дена да биде обезбедено, така што имаме комплетен проект“ – исткна во воведното излагање градоначалникот Јован Стојаноски.

1oh
Основниот проект еизработен од фирмата “Астрекс“ од Скопје. Проектот предвидува реконструкција на кејот во должина од илјада метри, а треба да заврши до јуни следната година.
На расправата учествуваа граѓани на Охрид и претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање, Хидробиолошки институт, Заводот за здравствена заштита, Капетанијата на пристаништа, јавните комунални претпријатија од Охрид и претставници на повеќе невладини организации.

Проектот може да се погледне на следниот линк.

2oh

Испрати коментар

Scroll To Top