Роботиката нуди нови можности кои може да доведат и до нови правци во архитектурата. Фиберботи – развиени на Универзитетот MIT, претставуваат еден импресивен таков пример. Тие градат самоносечки цевни конструкции од земјата и автоматски го прилагодуваат својот облик и ориентација додека напредуваат во височина. Бројни истражувачки проекти во текот на изминатите неколку години, покажале дека роботите се способни за многу работи кога е во прашање градежништвото. Но, истражуваччите од Mediated Matter Group од MIT, кој ги истражуваат новите области на проектирањето и дизајнот базирани на природата, сакале да видат што е возможно без употреба на монтажни компоненти. Нивната идеја била да се угледаат на инсектите, односно начинот на кој тие го прават тоа. На пример, пчелите и мравките работат заедно со цел да изградат свои живеалишта, додека пајакот ја подесува дебелината и обликот на својата мрежа според околината. Соодветно на ова, научниците ги проектирале своите „фиберботи“ со цел заеднички да изработaт многу поголеми конструкции од нив самите. Секој од вкупно 16-те фиберботи е опремен со механизам за прицврстување, кој го обвиткува цилинричното тело на роботот со мешавина од влакна и смола. Кога ќе биде готова една секција, телото се придвижува низ цевката со цел да исфрли на површина нов сегмент. Оној кој го контролира процесот, ги поставува основните параметри на проектирањето, додека микс од алгоритми и сензори ја диктираат должината и обликот. Системот е ставен на тестирање. Тестот опфатил креирање на конструкција висока 14,7 метри која и покрај острата зима останала неоштетена.
Изградената конструкција не изгледа слично на ниту една друга со која би можела да се споредува согласно архитектонските учебници. Идејата на научниците е преку комбинирање на роботи и дронови да креираат нови видови на конструкции.