Карим Рашид е еден од најпознатите креативни дизајнери на нашата генерација. Неговиот специфичен стил е познат речиси во целиот свет. Карим е архитект, дизајнер на ентериери, писател и продукт дизајнер, кој исто така, работел во сите аспекти на дизајнот, од облека и обувки преку мебел за деца до играчки… Списанието „Тајм“ го опиша како „најпознатиот индустриски дизајнер во Америка.“
Карим е роден во Каиро, во Египет, и израснал во Канада, а неговите дела биле изложени во галерии и музеи ширум светот, вклучувајќи MoMA, Centre Pompidou и SFMOMA. Тој има почесни докторати од Ontario College of Art & Design и Corcoran College of Art & Design. Карим е чест гостин-предавач на универзитетите и конференциите на кои зборува за важноста на дизајнот во секојдневниот живот.