Насловна / Архитектура / Хотел со фасцинантен поглед на Босфор

Хотел со фасцинантен поглед на Босфор

хотел со поглед кон босфор_02
Креативниот директор на синџирот на хотели Yoo, познат по своите интересни дизајнерски решенија на ентериерот, го претстави новиот проект – хотелот Yoo2 во центарот на Истанбул. Хотелот се наоѓа на плоштадот „Таксим“,  има 59 соби и апартмани од кои се пружа еден фасцинантен поглед на Босфор. За изгледот на ентериерот бил задолжен познатиот дизајнер Филип Старк.

хотел со поглед кон босфор_09 хотел со поглед кон босфор_03 хотел со поглед кон босфор_04 хотел со поглед кон босфор_05

Цените на соби во хотелот Yoo2 се значително помали во однос на претходниот хотел, што го прави атрактивен од гледна точка на туризмот. Првите слики од внатрешноста покажуваат дека Старк не се оддалечил од својот препознатлив стил, што значи дека независно од пониските цени за хотелски престој квалитетот е на највисоко ниво.

хотел со поглед кон босфор_06 хотел со поглед кон босфор_07

Спокојните ентериери на собите се одликуваат со темни дрвени подови, сиви тонови во ѕидните бои и елегантните силуети на мебел, а собите се претставуваат како Double и Twin, Park Superior и Corner Bosphours со панорамски погледи. Според познавачите, хотелот има одличен ресторан и бар, во кој се нудат менија комбинирани од традиционалните турски специјалитети со типични европски јадења.

хотел со поглед кон босфор_08 хотел со поглед кон босфор_09 хотел со поглед кон босфор_01

 

Испрати коментар

Scroll To Top