Македонските уметници ќе добијат монтажна и мобилна галерија, која би требало да почне да се употребува во месец март.
Анита Ивковиќ од Центарот за современи уметности вели дека галеријата ќе биде лесно монтажна со можност да се пренесува од едно на друго место. На една локација вообичаено би стоела околу 3 до 4 недели, но доколку најдат интересна локација може да стои на таа локација и една изложбена сезона.
Во периодите кога ќе нема активности галеријата ќе им биде на располагање на сите заинтересирани уметници, а во иднина намерата е да се организираат и патувачки изложби и настани насекаде низ Македонија.
Најчесто галеријата ќе се поставува на локации во Скопје, но целта е да одговорат на секое барање на независните институции или уметници од внатрешноста.
Со монтажната мобилна галерија Скопје и другите градови и села ќе добијат независен простор каде што ќе можат да се претставуваат различни проекти од сите области на културата и уметноста.