Во Топанга, Калифорнија на преубава висорамнина, високо на карпа на планината Санта Моника со поглед на Тихиот океан, сместена е куќата Saddle Peak House која му одговара на пејсажот со својот минималистички дизајн и ја нагласува врската со природата.
Куќата е свртена кон природната топографија и скулптуралните карпи со неверојатна прецизност. Ја проектирал калифорнискиот архитект Мајкл Санта од проектантското биро Sant Architects. Куќата Saddle Peak House е современа комбинација од стакло, бетон, челик и дрво.
Домот доминира со своите прави агли, од кровот па до правоаголниот базен ја нагласува геометриската прецизнозст на дизајнот. Овој мотив се продолжува со контарстно вертикално поставено дрво и хоризонтали на бетонските ѕидови.
Најзначаен потег при изградба на луксузната куќа бил поставување на 14 бетонски ѕидови со што се дефинира домувањето во две целини од кои се состои структурата. Главната куќа е во форма на латиничната буква L, избалансирана меѓу падината и рамниот терен, креирајќи двор со масивни карпести формации и базен.
Широките челични греди, усидрени на внатрешната страна на секој бетонски ѕид, формираат хоризонтални плочи. Надворешните стаклени ѕидови врамени се со метални и дрвени рамки, а во ентериерот постојат партиции кои ги дефинираат приватните и услужните простории.
Користената палета на материјали намерно е ограничена и ускладена со искуството на природата.
Отворената шибер врата дозволува продирање на сончева светлина во ентериерот, додека топлинските пумпи, подржани од осум геотермални извори и три монтирани соларни мрежи, обезбедуваат циркулација на свеж воздух.
Во ентериерот доминира дрвото како материјал.