Хрватска планира да ја продаде фирмата „Парк Превлака“, која го поседува земјиштето на полуостровот Превлака, околу кој пак спорат Хрватска и Црна Гора, јавуваат српските медиуми.
Засега, како што пишува во медиумите, точно не се знае дали Хрватска ќе го продаде земјиштето на овој полуостров. Продавањето на „Парк Превлака“ е доказ дека Хрватска нема да се откаже од земјишето во полза на Црна Гора, пишуваат хрватските медиуми.
Хрватска и Црна Гора веќе 20 години спорат околу припадноста на Превлака, која се наоѓа на влезот на црногорскиот залив Бока Которка.
Кон крајот на 2002 година, двете земји потпишале Протокол за привремен режим за меѓусебно разграничување, кој истекува.
Од друга страна, Лука Корда хрватскиот градоначалник на Конaвле, не верува дека ќе се случи продажба на полуостровот.