Насловна / Дневни Вести / Ќе се гради трговско-станбен комплекс во Штип

Ќе се гради трговско-станбен комплекс во Штип

trgovsko-stanben-kompleks-vo-senjak2.jpgВо месноста Сењак 3, во Штип, по пат на јавно наддавање е продадена градежната парцела, која со последна понудена цена од 2.800 денари за квадратен метар ја купи штипското претпријатие за продажба на материјали и репроматеријали за конфекција „НИКО 2002“, чиј сопственик е бизнисменот Ацо Николовски. Земјиштето со површина од 2.237 квадратни метри е наменето за изградба на објекти за колективно домување.

Николовски напомена дека заедно со фирмата „Роби Инжињеринг“, како фирма
партнер со 50% учество во целокупниот проект, од овој неурбанизиран дел
на градот, предвидуваат да направат нешто ексклузивно, кое не постои во
ниту еден град во источниот дел на Македонија.
На вкупна површина од 1.650 квадратни метри, планиран е грандиозен,
луксузен објект од 25.000 квадратни метри, со подрумски дел, три ката
трговски центар, над кои ќе бидат изградени уште единаесет катови, каде
ќе бидат сместени над 150 ексклузивни станови.
-Целата инвестиција ќе чини околу 10 милиони евра, а изготвувањето на
проектот е во тек. Со активности ќе се започне на почетокот на наредната
година, за во период од 15 до 20 месеци да биде завршен објектот –
изјави Николовски.
Во трговскиот кој, како што вели тој, ќе ги засени останатите во овој
дел од Републикава, ќе има повеќе локали, кои ќе се издаваат под наем, а
луксузно опремените 150 станови, ќе бидат наменети исклучиво за
продажба.

Д.Ристов

trgovsko-stanben-kompleks-vo-senjak.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top