Насловна / Вести / На повидок најголем енергетски проект во регионот – нов блок на Кршко

На повидок најголем енергетски проект во регионот – нов блок на Кршко

„Имаме заинтересирани партнери за изградба на вториот блок во нуклеарната централа Кршко, кои ќе бидат малцински партнери во проектот“, изјавил  за порталот Montel energetika,  претседателот на  Управата на словенечката Gen energijа, Мартин Новшак. Оваа компанија ја стопанисува нуклеарката Кршко заедно со хрватската HEP.

Во Словенија и натаму е отворено прашањето во врска со проширување на нуклеарната централа Кршко, иако Владата во неколку наврати има дадено насоки да се стартува со проектот. Новшак истакнал дека неговата компанија досега има вложено над 20 милиони евра во разни студии за проширување на Кршко, и дека тие пари не смеат да пропаднат со напуштање на целата идеја.

Најчесто користените проценки за цената на новиот блок со моќност од 1200MW, се движат од 3,5 до 5 милијарди евра, а ставот на Хрватска како косопственик на Кршко, за влегување во идната инвестиција сеуште не е јасен.

 24.11.07 opozorilna tabla pred nuklearno ekektrarno krsko, stavba, ograja, NEK; foto:sasa despot

krsko2

krsko3

Krsko4

Испрати коментар

Scroll To Top